Коментари

Патникот кој се соблекол гол и викал „УЧК“ ќе биде нов министер за одбрана, се шегува јавноста

Патник се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно ги вознемирувал патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје. Полицијата го приведе веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром.

„Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот“, ни изјавија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Граѓаните на социјалните мрежи се пошегуваа дека ова е најава за нов министер.

На почеток