Свет

Во Париз се гасат светлата од излозите и осветлувањето

По завршувањето на работното време светлата ќе бидат исклучени во канцелариите и продавниците во Париз.

По одлуката на градот Париз да заштеди струја, канцелариите и продавниците во главниот град на Франција ќе ги исклучат светилките на крајот од работното време.

Одлуката се однесува на дигиталните екрани во излозите и осветлувањето.

„Franse Bleu“, мрежа на локални и регионални радиостаници во Франција, објави дека компаниите кои нема да ја почитуваат одлуката ќе бидат казнети од 750 до 1.500 евра.

Рекламните билборди, за кои е надлежен градот, ќе бидат исклучени во периодот од 23:45 до 06:00 почнувајќи од 1 декември.

На почеток