МВР го ослободи уапсениот за лажните дојави за поставени бомби
Од
Објавено на
Доцна синоќа извесниот Никола Николовски, осомничен од полицијата за серијата лажни дојави за поставени бомби во скопските училишта, е ослободен од МВР без никаква пријава.
Ова го тврди Лидер, кој при тоа објави и фотографија за која тврди дека е од лицето со иницијали Н.Н.
Според информациите, 23-годишникот манипулативно го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите за МВР евентуално да наседне.
Скопјанецот бил десетина часа на распит во полиција, бил извршен и претрес во неговиот дом, по што тој е ослободен од понатамошно гонење од МВР.
На инстаграм Наумовски бил познат под псевдонимот „Боемот“.