Свет

(ВИДЕО) „Тоа е света битка против сатанскиот Запад“, вели Дугин

„Руските сили водат света војна против антихристот“, тврди сојузникот на Путин Александар Дугин.

Во интервју за руската државна телевизија, кое го споделија медиумите, Дугин, чија ќерка Дарја Дугина беше убиена во обид за атентат во август, рече дека се согласува со коментарите на чеченскиот воен лидер Кадиров, кој повика на „десотонизација“ во Украина. .

„Тоа е света битка против сатанскиот Запад! Да, тоа е православна битка, последната апокалиптична битка на православната христијанска Русија, Света Русија, против антихристот“, рече Дугин.

„Тоа е поентата на оваа специјална воена операција“, рече тој.

На почеток