Свет

Додека светот оди во рецесија, оваа мала земја е на пат да стане една од најбрзо растечките економии во светот

Додека војната ја задушува Европа, мала нација „заглавена“ под Русија ужива во неочекуван економски бум.

Имено, според странските медиуми, Грузија е на пат да стане една од најбрзо растечките економии во светот оваа година по драматичниот прилив на повеќе од 100.000 Руси кои избегаа таму по конфликтот меѓу Русија и Украина и стравот од мобилизација, пишува Индекс.

Како што голем дел од светот оди во рецесија, земјата со 3,7 милиони жители што се граничи со Црното Море се очекува да забележи раст на нејзината економија за 10% во 2022 година поради огромниот пораст на потрошувачката, според меѓународните институции.

Тоа би ја ставило скромната економија од 19 милијарди долари (16,7 милијарди фунти), позната во регионот по планините, шумите и долините на виното, пред пазарите во развој како Виетнам и извозниците на нафта како Кувајт, пишува SkyNews.

На почеток