Свет

Г7 до Русите: Останете

Највисоките претставници на земјите од групата Г7 бараат од Русија да го послуша повикот на генералниот секретар на ОН и да остане дел од Црноморската иницијатива за жито.

Тие рекоа дека цврсто го поддржуваат проширувањето на договорот за непречен транспорт на жито преку Црното Море, што ќе ги намали светските цени на храната, пренесува Тасс.

Додаваат и дека се забрзува работата за снабдување со ѓубрива за најзагрозените.

Високите дипломати на Г7, исто така, ветија дека „ќе промовираат поодржливи, поотпорни и повклучувачки системи за храна на глобално ниво и ја повикаа Г20 да ги поддржи нивните напори“.

„Ги осудуваме обидите на Русија да го користи извозот на енергија и храна како алатка за геополитичка принуда“, се вели во соопштението.

На почеток