Без вода дел од Центар
Од
Објавено на
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска, поради санирање дефект на приклучна цевка од ф2 на улицата Тетовска бр. 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на следните улици: Тетовска, Стив Наумов, Свештарот, дел од булеварот Кочо Рацин, Полициската станица Пролеќе, амбулантата „Пролеќе“, градинката и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на дефектот (општина Центар).