Македонија

Со 81 глас “за” изгласани сите амандмани кои произлегуваат од договорот од Преспа

Пратениците со 81 глас “за” донесоја одлука за прогласување на сите амандмани кои произлегуваат од договорот од Преспа. Тие ги изгласаа уставните измени, кои ќе бидат составен дел од Уставот.
Амандманите 33, 34,35 и 36 влегуваат во сила.

Пратениците го прифатија и видоизменетиот амандман за дијаспората, еден од предлог амандманите кој беше пречка на сопнување во преговорите помеѓу Заев и Касими. Прифатениот амандман гласи: „Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ , албанскиот, турскиот…“

Премиерот Заев рече дека со вака видоизменет амандман се праќа порака дека државата се грижи за сите во дијаспората.

Гласањето беше обезбедено по неколку дневно натегање и политички договарања меѓу лидерите на СДСМ и на БЕСА, кои условуваа со четири нивни барања.

На гласањето не присуствуваше најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која го напушти  законодавниот дом поради како што рекоа нема да учествуваат во договор кој што ја разнебитувал Македонија.

На почеток