Магазин

Маск најави нови подобрувања за Твитер

Твитер ќе добие неколку нови функции, вклучувајќи додавање формат на текст со долга форма, алатки за монетизација на содржина и подобро пребарување.

Илон Маск, новиот сопственик на Твитер, најави дека Твитер наскоро ќе добие функција која ќе им овозможи на корисниците да додаваат текстови во долга форма на своите твитови.

Маск не откри кога точно ќе пристигне функцијата.

Тој додаде дека компанијата планира да создаде нови алатки за монетизација кои ќе им бидат понудени на креаторите на содржини, како и подобрувања на функцијата за пребарување на платформата.

Многу медиуми, сепак, забележуваат дека Twitter веќе некое време ја тестира функцијата за споделување долги текстови и дека Мак ја презема заслугата за работата што ја направија некои од вработените во компанијата пред новиот сопственик да ги отпушти.

На почеток