24 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 18 возила се упатени на вонреден технички преглед
Денеска (09.11.2022) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 24 сообраќајни прекршоци. Од нив три санкции за некористење сигурносен појас, една мерка за возење повеќе од дозволената брзина, една санкција за восење без возачка дозвола, 18 возила се упатени на вонреден технички преглед…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.