🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Џенифер Анистон никогаш поискрена: „Направив се само за да останам бремена“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
jennifer-aniston-post-split-main

Годините и годините на шпекулации за потенцијалните причини зошто Џенифер Анистон не сакала или не можела да има деца конечно завршија, бидејќи саканото лице на серијата „Пријатели“ реши да ги прекине гласините.

— реклама —

Имено, Џенифер си ја отвори душата во никогаш поискрено интервју за „Allure“ и јавно проговори за борбата за потомство.

Оваа 53-годишна актерка, како што вели, жали што не направила нешто во врска со тоа на време, а кога било предоцна, очајно се обидела да добие дете преку инвитро, но безуспешно. Кога врвните лекари и разните терапии и „пропаднаа“, Џенифер се сврте кон алтернативна медицина. Во надеж дека ќе се случи „чудо“, признава таа, пиела разни кинески чаеви.

— реклама —

„Се обидував да забременам и тоа беше навистина голем предизвик за мене. Сите тие години, и години и години на шпекулации... Беше многу тешко. Пиев кинески чаеви... Правев се само да забремени“, изјави Џенифер Анистон и додаде дека жали што никој не ја советувал да ги замрзне јајцата кога била помлада. Денес, вели таа, е свесна дека никогаш нема да има дете

„Ќе дадев сè ако некој тогаш ми речеше: „Замрзни ги јајцата. Направи си услуга“. Едноставно не размислувате за тоа на таа возраст, затоа сум таму каде што сум денес. Мојот брод замина.

На самиот крај од разговорот, актерката истакна дека има намера да напише книга за нејзината борба за потомство, со цел да им помогне на другите жени кои поминуваат низ ист или сличен проблем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Jennifer-Aniston-who-is-the-actress-of-Friends-with

(Видео) Вака му „одговори“ на бившиот вереник: Џенифер Анистон со видео ги „запали“ мрежите

Магазин | пред 1 година

Jennifer-Aniston-who-is-the-actress-of-Friends-with

Џенифер Анистон подготвена да го тужи Бред Пит за 100 милиони долари

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-11-01-205244

Метју Пери бил вљубен во Џенифер Анистон

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања