Метју Пери бил вљубен во Џенифер Анистон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Screenshot-2022-11-01-205244

Актерот Метју Пери, во неговите мемоари „Friends, Lovers and Big Terrible Thing“, откри досега непознати детали од неговиот живот, како и дека бил вљубен во колешката Џенифер Анистон.

— реклама —

Пред почетокот на снимањето на култната серија „Friends“, Метју ја запознал Џенифер и веднаш се вљубил во неа, а помислил дека и таа има исти чувства кон него.

— реклама —

Кога добил две работи во еден ден, првата личност на која се јавил за да ја сподели радосната вест била Џенифер.

— реклама —

„Гледајќи назад, во минатото, ми беше јасно дека поради тоа помислила дека премногу ми се допаѓа или го разбрала тоа на погрешен начин, но јас само ги влошив работите со тоа што ја поканив на состанок. Ме одби, но ми кажа дека сака да ми биде пријателка. Јас ги комплицирав работите, велејќи дека ние двајцата не може да бидеме пријатели“, наведе Пери.

На крајот и двајцата ги добиле главните улоги во серијата „Friends“, а Пери признава дека неговата заљубеност не исчезнала и дека поради тоа снимањето му било тешко.

„Уште на почетокот на снимањето на серијата сфатив дека сѐ уште ми се допаѓа Џенифер. Нашите поздрави и разделби станаа непријатни. А, потоа се прашував колку долго е пристојно да гледам в неа, дали три секунди се предолги?“, напиша тој во мемоарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

metju-peri-960x639-1

Срцето на Пери застанало пет минути, при реанимација му биле скршени осум ребра

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања