Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Следува пресуда за асистентот на Метју Пери: Му давал кетамин пред смртта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
metju-peri-960x639-1

На Кенет Ивамаса, поранешниот асистент на покојниот американски актер Метју Пери, денеска ќе му биде изречена пресуда откако призна вина дека му вбризгувал кетамин на актерот пред неговата смрт.

На личниот асистент на ѕвездата од серијата „Пријатели“ денеска ќе му се суди пред федерален суд во Лос Анџелес, во рамки на истрагата што се води по смртта на актерот.

— реклама —

Ивамаса, кој бил во центарот на случајот, претходно призна вина за заговор за дистрибуција на кетамин што довел до смртен исход, а обвинителството побара казна од три години и пет месеци затвор.

— реклама —

Тој бил првиот од обвинетите кој постигнал договор со обвинителството и станал клучен сведок во постапката.

— реклама —

Истражителите наведуваат дека во деновите пред смртта, на 23 октомври 2023 година, Ивамаса му давал повеќе дози кетамин дневно на актерот, а кобниот ден му вбризгал голема количина и потоа го оставил сам.

Кога се вратил, Метју Пери бил пронајден мртов во хидромасажна када. Судско-медицинската служба на округот Лос Анџелес утврдила дека кетаминот е главната причина за смртта, додека давењето било секундарен фактор.

Пери легално добивал кетамин како дел од терапија за депресија, но според судските документи барал поголеми количини од пропишаните.

Актерот го ангажирал Ивамаса во 2022 година и му плаќал 150.000 долари годишно за да живее во неговиот дом во Лос Анџелес и да работи како личен асистент.

Одбраната тврди дека Ивамаса бил во зависна позиција од својот работодавец и немал можност да ги одбие неговите барања, додека семејството на актерот во судските поднесоци наведува дека го смета директно одговорен за неговата смрт.

Според обвинителството и судските документи, Ивамаса набавувал кетамин за Пери на црниот пазар, вклучително и преку лекарот Салвадор Пласенсија, кој го обучувал за вбризгување.

Пласенсија претходно бил осуден на две и пол години затвор. Кетаминот бил набавуван и преку Ерик Флеминг, кој бил поврзан со уличен дилер.

Флеминг бил осуден на две години затвор, додека дилерката Џасвин Санга, позната како „кралица на кетаминот“, добила казна од 15 години затвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

metju-peri-960x639-1

Дилерката на Метју Пери се соочува со казна до 65 години затвор: „Избрала профит наместо човечки животи“

Магазин | пред 2 месеци

— реклама —
Screenshot-2022-11-01-205244

Метју Пери бил вљубен во Џенифер Анистон

Магазин | пред 3 години

metju-peri-960x639-1

Срцето на Пери застанало пет минути, при реанимација му биле скршени осум ребра

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања