Со поставување на Албанци на клучни позиции без интелектуален и морален капацитет, не се изборивме со дискриминацијата, вели Најчевска


Професорката Мирјана Најчевска вели дека со тоа што на клучни и одговорни позиции во власта и администрацијата се поставени етнички Албанци не сме се изборивме со дискриминацијата туку е создаден систем кој не е во полза на граѓаните.
„Со тоа што на клучни и одговорни позиции во власта и во администрацијата беа поставени етнички Албанци кои не ги исполнуваат условите за професионалност и немаат соодветен интелектуален и морален капацитет, не се изборивме со дискриминацијата, туку создадовме систем кој никако не може да биде во полза на граѓаните од ниту една етничка заедница во Македонија.
Со дискриминацијата се бориме на тој начин што кога за одредена позиција ќе се пријават луѓе од различна етничка припадност со приближно исти квалификации, се избира кандидатот од помалку зстапената етничка заедница. Не се бориме со дискриминацијата кога меѓу кандидат кој има видливо подобри квалификации и кандидат со видливо послаби квалификации го избираме вториот заради неговата етничка припадност.
Без отстранување од власта и администрацијата на овие кадри, дискриминацијата добива плодна почва и во одреден момент ќе ни се врати монструозно зголемена и засилена“, вели Најчевска.
