СДС да каже кога ќе организира отчет на нивните градоначалници или ќе дезертираат како Ковачевски од војска, вели ВМРО-ДПМНЕ
СДС да каже кога ќе организира отчет на нивните градоначалници или ќе дезертираат како Ковачевски од војска, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Повеќе од една година помина од локалните избори, а градоначалниците од СДС се уште немаат направено отчети.
Од што бегаат градоначалниците од СДС?
Градоначалниците на Центар, Струмица, Валандово, Пробиштип, нема со што да се пофалат.
За разлика од нив градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат направено проекти во вредност од над 120 милиони евра.
За само една година, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат сработено колку цела влада, која има 10 пати поголеми средства на располагање.
Граѓаните ја гледаат разликата во местата каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, со претходните од СДС“, се вели во соопштението.