Магазин

(ВИДЕО) Момоа се соблече сред емисија во живо

Актерот Џејсон Момоа неодамна гостуваше во „Џими Кимел Лајв“, а потоа за време на разговор со водителот Џими направи неочекувана работа.

Џими Кимел и актерот направија интересно и хумористично интервју во кое водителот изјави дека се чувствува безбедно кога Џејсон е до него. Тие го продолжија разговорот за неговите тетоважи, од кои Момоа има многу, а на ТВ екранот во студиото покажаа клип од видеото на Момоа кое го објави на Инстаграм. И очекувано, токму видеото наиде на овации кај женската публика – голиот Џејсон лови риба во танга. Актерот сега објасни дека тоа всушност бил традиционален хавајски костим и дека бил исклучително удобен.

Исто така, рече дека цело време го носи под облеката, што го покажа во емисијата. Актерот се соблече и уште еднаш ги остави без здив сите жени во студиото, но и зад малите екрани.

На почеток