„Првите кратења на трошоците не почнуваат од бифтеците на Маричиќ туку од студентскиот оброк“, вели Јаулески
Од
Објавено на
Како што најавив Владата преку своите послушници во Собрание ја почна Рационализацијата на грбот на студентитe, вели пратеникот Јован Јаулески.
„Очигледно според моите колеги од мнозинството студентите кои се деца без родители и родителска грижа не јадат, студентите кои се апсолвенти не јадат, студентите кои се од семејства на вработени родители не јадат.
Овој закон е тотално спротивен од првичниот и има за цел да го уништи и онака кревкиот студентски стандард.
Ќе остане запишано дека првите кратења на трошоците не почнуваат од бифтеците на Маричиќ туку од студентскиот оброк“, додава тој.