Македонија

Пред да збориме за Михајлов СДС да си расчисти во коалицијата за неговиот лик и дело, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ја разбираме нервозата во СДС фатени во криминали и со извршени предаства па сега мора да се занимаваат со лаги и измислици, и да кажуваат работи кои не се кажани, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Но, пред да збориме и се расправаме за Ванчо Михајлов антимакедонската СДС ја повикуваме да расчисти со две работи:

Прво да си расчистат во нивната коалиција околу ликот и делото на Иван Михајлов па после да се расправаат со ВМРО-ДПМНЕ.

Второ, кога СДС ќе се откаже од наследството и ќе се извини за елиминирањето на макединската интелегенција од страна на комунистичкиот режим?

На крај, СДС е партија под чија власт се одобрени, формирани и делуваат клубовите Ванчо Михајлов и Цар Борис“, се вели во соопштението.

На почеток