„Во Џевахир треба да станиш у 5 за да стигнеш на работа у 8“, реакции откако кулите останаа без струја
Првата и втората кула на „Џевахир“ од 15:00 часот останаа без напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтови, топла вода, базен, теретана, но и без вода.
Станарите подоцна информираа дека струјата повторно им е вратена.
Тие велат дека уредно ги платиле сметките, но дека проблемот е фирмата управител на висококатниците.
„У Џеваир треба да станиш у 5 за да стигнеш на работа у 8“, „Замисли си ја остаил пеглата вклучена, и ти текнува дека може да дојде струја во меѓувреме“, се шегуваа граѓаните на социјалните мрежи.
Ова со Џевахир и струјата е припрема за избори или за трката во недела?
— 🖤Lonely🖤 (@L_Traveler__) November 16, 2022
Си дојдоа ли дома тие на 40ти у Џевахир? Ај добро утро
— Леонче Мамичка (@MacyImYesIm) November 16, 2022
Замисли си ја остаил пеглата вклучена, и ти текнува дека може да дојде струја во меѓувреме
— Џими Чилакс ® (@JimmyFromDaHood) November 15, 2022
И сеа у џеваир треба да станиш у 5 за да стигнеш на работа у 8 ?
— i999y (@i999y) November 16, 2022
Тешко на станарите во Џеваир ако си заборават нешто у кола.
— Dedopop od mpc (@OdMpc) November 15, 2022