Македонец избодел едно лице и четворица други ги расекол со нож во Хрватска
Од
Објавено на
Македонски државјанин избодел едно лице и четворица други ги расекол со нож во Хрватска.
По спроведена истрага, на 26 -ти октомври, жупаниското државно правобранителство Вараждин поднесе обвинителен акт против државјанин на Северна Македонија (23) за сторени кривични дела убиство во обид и четири обиди за тешка телесна повреда.
Тој на 28 април годинава околу 3 часот на улица во центарот на Вараждин двапати го прободел 23-годишниот маж и му нанел тешка повреда за да го убие. Со итна медицинска интервенција човекот е спасен. Обвинетиот е во притворот поради опасност од бегство и ризик од извршување на нови кривични дела“.