Македонија

Заев и Столтенберг разговарале телефонски, честитки до граѓаните и пратениците

Премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил им честиташе на граѓаните и пратениците за преземената одговорност и воедно му се заблагодари  за честитката на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со кој вечерва разговарале телефонски.

„Им честитам на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност за уставните измени со којашто заедно ги отворивме вратите на НАТО и ЕУ за Република Македонија.

Во исто време, изразувам благодарност до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за честитката којашто телефонски ми ја упати вечерва, и со која на сите граѓани на нашата земја го честита историскиот успех и новите перспективи кои се отвораат пред нас“, напиша Зоран Заев.

Во Собранието вечерва беа усвоени уставните измени, со кои Македонија се обврза да го промени името во Република Северна Македонија

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток