Трамп призна се за кавгите со Меланија во Белата куќа
Доналд Трамп официјално ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во САД во 2024 година и ја претстави својата нова кампања на имотот Мар-а-Лаго на Флорида, каде се појави во друштво на неговата сопруга Меланија.
Во својот говор тој откри дека неговата сопруга поминала многу тешко во Белата куќа.
“Тоа не беше радост за нашата голема прва дама. Тоа не беше пријатно патување. Ќе дојдев дома и таа ќе ми кажеше дека изгледам луто и вознемирено. Потоа ќе и кажев да ме остави на мира. Тоа не беше најлесно, но таа беше одлична прва дама и луѓето ја сакаа“, изјави поранешниот американски претседател.
Меланија беше поздравена од публиката со голем аплауз. Таа за претставувањето на кампањата носеше кошула со точки, бело здолниште и бели салонки.
Покрај сопругата, Трамп во говорот го спомена и својот син Ерик, шегувајќи се дека добил „повеќе судски покани од кој било во историјата на нивната земја“.