(ВИДЕО) Хали Бери направи уште една драстична промена, не одолеа на машкиот тренд
Познатата актерка Хали Бери уште еднаш покажа дека верно го следи секој претстоен тренд, а со последниот навистина ги изненади своите фанови.
Да потсетиме, таа во март годинава направи неочекувана трансформација, ја скрати својата долга кафена коса и на тој начин го врати својот иконски изглед од 2000-тите кога пред 20 години го освои Оскарот за најдобра актерка.
Меѓутоа, сега решила да оди чекор понатаму, а на кратката фризура со руси прамени додала интересен детаљ и од својот фризер побарала да направи таканаречена тетоважа со помош на машинка за коса. Инаку, оваа фризура е популарна кај мажите во последните неколку години.
Таа на Инстаграм објави видео од новата фризура, а луѓето се воодушевени од трансформацијата.