Македонија

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика во текот на денот се очекува да донесе одлука за нова цена на горивата.

Според последните движења на берзите, моменталната цена на нафтата е 87 долари за еден барел, што е значајно намалување по последните корекции.

Нафтата WTI круд е 80 долари за барел, при ослабнат долар, што според анализите може да значи и поголемо намалување на цените на бензинот и дизелот во малопродажбата, но останува да видиме какви цени ќе донесе РКЕ денеска.

Овие цени се очекува да важат веќе од 22 ноември.

На почеток