Македонија

Ковачки за скандалот со државјанството на рускиот шпион: Истрагата е про-форма оти премиерот не сака да се меша во својата работа

„Во врска со скандалот со државјанството на рускиот шпион, погледнете со какви уметници си имаме работа:
Истрагата за скандалот си ја прави Директорот сам на себе затоа што трајно неспособниот премиер не сака да се меша во својата работа“, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Значи, спорен е легитимитетот на истрагата и истата е про-форма.
После тоа директорот оди по институции – Собрание и Влада и таму расфрла пердуви дека сите други се виновни само тој не е виновен.
Демек тој само потпишувал и проследувал до МВР, небаре е скретничар или проследувач на акти, а не Директор.
Понатаму, Директорот ги суспендира тие 1-2 лица, кои однапред ги имал одбрано за жртвени јагниња и ги елиминира од играта за можни наследници на директорската позиција (за која на сите им е јасно дека ќе биде временски прилично кратка).
И така, како и досега по примерот на Шекеринска, Славјанка, Пендаровски и Спасовски кога:
1. Најодговорниот што требаше да го брка, наместо да го прикрива криминалот во МО со митото за војници, подофицери и мисии го испратија на дипломатска мисија во Виена во ОБСЕ, а
2. Неговиот Заменик исто така по заслуга за успешно неоткривање на митаџиите, се подготвува за дипломатска плата во НАТО во Брисел,
3. За издавање на македонски пасоши за пари на криминалци, терористи и атентатори, ги осудија шалтерските службеници.
Е на ист начин, уметниците ќе одиграат и со неспособниот Директор на АНБ.
Нема податок за тоа дали и кој земал пари за издавање на државјанството, но затоа Директорот најверојатно ќе го пратат за амбасадор во Париз и ќе го наградат со девизна плата.
#Штетници“, додава тој.

На почеток