На 12.01.2019 година во 03,10 часот било пријавено дека во Пробиштип на улицата „Миро Барага“ патничко моторно возило „Мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од К.А.(29) од Пробиштип, излетало од патот, притоа удирајќи во четири паркирани возила: три возила “Голф“и едно возило “Опел Корса“.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа во Пробиштип, а потоа и во Клиничката болница во Штип за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Пробиштип и се работи на целосно расчистување на случајот.