Какво време не очекува викендов
Од
Објавено на
Претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во сабота времето ќе биде претежно облачно, а во недела и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег каде ќе се формира снежна покривка.