Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег.
„Од превентивни причини вчера во 16.30 ч воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.