Свет

(ВИДЕО) Нов напад на Русија

Аеродромот во Курск бил нападнат од беспилотно летало, поради што се запалил резервоар со нафта, соопшти утринава гувернерот на областа Курск во Русија, Роман Старовојт.

Тој на Телеграм напиша дека нема жртви и дека локализирањето на пожарот е во тек.

Сите специјалци се на местото на инцидентот, напиша Старовојт, пренесува РИА Новости.

„Утрово одржав состанок на антитерористичката комисија. Донесена е одлука од денеска во 17 часот да се продолжи нивото на „жолта“ терористичка закана за уште 15 дена“, напиша на Телеграм гувернерот на областа Курск, Роман Старојт.

Руското Министерство за одбрана вчера објави дека Украина се обидела да изврши напад врз воените аеродроми во регионите Саратов и Рјазан во Русија, со помош на дронови од советско производство.

Како што се наведува, руската авијација со помош на противвоздушна одбрана соборила украински беспилотни летала кои летале на мала височина.

Во нападот загинаа тројца членови на воено-техничкиот персонал, а четворица се повредени.

Русија потоа започна масовен напад врз воениот команден систем на Украина и објави дека е спречен трансферот на украинските војници и оружје во борбената зона.

На почеток