Скопје

Мицкоски да го прекине изживувањето со скопјани и да ги запре блокадите, вели СДСМ

Христијан Мицкоски да прекине со изживувањето врз скопјани и да ги запре блокадите, вели СДСМ

„Блокадите и хаосот во Скопје се во политичка режија на Христијан Мицкоски.

Трет ден сообраќајот во Градот е целосно парализиран, граѓаните не можат навреме да стигнат до своите работни места, до здравствените установи, до училиштата и факултетите, а потешкотии во движењето имаат и возилата на Итната медицинска помош и противпожарната бригада.

Поради неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ и кавгите меѓу Мицкоски и Арсовска штета трпат граѓаните.

Мицкоски да издаде партиска директива до неговите Данела Арсовска, Трајко Славески, директорите и раководителите на Јавните претпријатија на град Скопје и до неговиот поддржувач Ленин Јовановски, веднаш да ги тргант блокадите.

Недозволиво е скопјани да трпат штета заради нивните бизнис и партиски интереси.

Веднаш да прекине блокадата на главниот град“, се вели во соопштението.

На почеток