Скопје

Скопјанка завршила во болница откако шофер на ЈСП ја згмечил со вратата

На 11.01.2018 година во 07,05 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Кузман Јосифовски-Питу“ додека А.К.(51) од Скопје се качувала од задната врата во автобус на ЈСП број 35, управуван од З.П.(55) од Скопје, вратата се затворила и А.К. се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“.

Се работи на расчистување на случајот.

На почеток