На 11.01.2019 година во 06,20 часот било пријавено дека во Велес, во казино на улицата “Благој Ѓорев“, откако дошло до вербална расправија помеѓу Ѓ.Н.(35) и С.М.(44) и двајцата од Велес, Ѓ.Н. излегол од казиното и по кратко време се вратил и со метален предмет го удрил С.М., притоа упатувајќи закани и кон В.Н.(43), кој седел до С.М..
Ѓ.Н. е приведен во Полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.