Благодарност за масовната поддршка на вчерашната трибина, да се обединиме околу стратешките цели, вели Шкријељ
Им благодариме на илјадниците граѓани кои синоќа присуствуваат на националната трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во Скопје, вели пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ.
„Вчера, илјадници граѓани на Скопје но и на другите градови, Македонци, Албанци, Бошњаци, Турци, Срби, Роми, Власи дадоа поддршка на концептот на СДСМ кој води напред.
СДСМ вчера покажа дека е обединета, сплотена партија како никогаш досега.
Енергијата, масовното присуство на вчерашната трибина, но и на претходните трибини одржани во 78 општини се доказ дека политиките на СДСМ се препознаени и ценети од граѓаните.
Граѓаните кажаа дека не се за блокади и неизвесност, туку дека се за напредок, за заедничка европска иднина.
Патот кон таа иднина е со пречки од политички партии и групи кои не и мислат добро на државата, кои сакаат нашето општество да го вратат назад во времето на поделби и изолација.
Затоа, потребно ни е обединување околу стратешките цели, обединување на сите прогресивни сили, обединување на сите нивоа.
СДСМ повторно ја презема одговорноста да ја обезбеди сигурната и стабилната иднина за сите наши граѓани.
Како одговорна партија продолжуваме со мерките и политиките што обезбедуваат подобар животен стандард, реформи во институциите и реализација на уште една стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.
СДСМ останува на страната на прогресот, на успехот, на страната на европската интеграција“, додава таа.