Свет

Повеќе од 2,3 тони кокаин запленети во Суринам

Во Суринам полицијата заплени повеќе од 2,3 тони кокаин , што е најголема заплена во оваа јужноамериканска земја, соопшти полицијата.

Кокаинот бил откриен во пристаништето на главниот град Парамарибо, вели директорот на полицијата.

Дрогата била скриена во осум контејнери меѓу вреќи со ориз. До сега никој не еупасен , но полицијата тврди дека има четворица осомничени.

Дрогата била наменета за пазарот во Европа. Детали не се соопштуваат зашто истрагата е во тек , а Суринам во последните години стана главна точка за пренос на кокаинот од Јужна Америка кон Европа и САД.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток