Македонија

(ВИДЕО) Крадец фатен на камера на бензинска, се нуди резервоар гориво за оној кој го познава

Видео од надзорна камерна на бензинска пумпа Макоил денес беше објавено на социјалните мрежи.

На видеото се забележува како младо момче разгледува производи, а додека вработената е свртена со грб тој краде еден од артиклите и го става во десниот џеб.

Настанот според информациите се случил на 17 декември пред полноќ.

„Кој го познава овој разбојник следува награда резервар гориво за автомобил“, стои во описот на видеото, каде е оставен и телефонски број за контакт.

На почеток