Вишиот Управен суд во заложништво на ДУИ ја уважи жалбата на Еуромакс, вели Левица
Вишиот Управен суд со скандалозна пресуда ја уважи жалбата на компанијата „Еуромакс“ за рудникот на смртта Иловица и повторно ја врати на почеток постапката за добивање концесија.
Со ваквата одлука, судот повторно го враќа во живот популарниот рудник на смртта, вели Левица
„Пред еден месец беше објавено дека сопственикот на тетовската фирма „Еколог”, Љазим Дестани, заедно со адвокатот на „Еуромакс” Арленд Зекири (поранешен министер за странски инвестиции од ДУИ) издејствувале повторно враќање на претходно одземената концесија на рудникот на смртта.
Со последната одлука на Вишиот Управен Суд се покажа на дело спрегата помеѓу политичките и бизнис елити блиски на ДУИ и Вишиот Управен Суд.
Судиите кои ја донесоа оваа контроверзна одлука се:
Субхи Јакупи, избран 2018 година, од Гостивар, претседател на Советот;
Дијана Димитрова, избрана 2011 година и
Емрије Зубери Амити, избрана 2016 година.
Жителите на Општинатa Босилово, кои во повеќе наврати се имаат изјаснето дека се против овој рудник на смртта, се вознемирени и најавија масовен, радикален и жесток отпор, со кој ќе се спротистават на можноста за повторно отворање на рудникот.
Отворањето на овој рудник ќе донесе несогледливи последици по животната средина и масовно и трајно иселување на жителите од блиските села“, се вели во соопштението.