Мицкоски нема став и го лаже народот, целосно е во заложништво на Апасиев, вели СДСМ


Христијан Мицкоски како слаб политичар, без став и визија, е во целосно заложништво на Апасиев, вели СДСМ
„Мицкоски го лаже народот, секојдневно се расфрла со екстремни и радикални изјави, се натпреварува со Левица во популизам и радикализам, во правење штета за граѓаните.
Левица, е сериозна закана за европскиот пат на државата, има за цел создавање хаос во земјата.
Двоецот Мицкоски – Апасиев можат на државата да и понудат само изолација, омраза и поделби меѓу граѓаните, конфликт со соседите.
СДСМ и граѓаните нема да дозволат Мицкоски и Апасиев да ја вратат државата во темното минато.
Патот кон ЕУ е трасиран, нашата иднина е европска“, се вели во соопштението.
