Свет

Пукање и детонација кај Зубин Поток

Во околината на Зубин Поток вечерва околу 19 часот и 45 минути се слушнал рафал од огнено оружје, а како што пренесува Косово онлајн, до пукањето дошло кога специјалните сили на косовската полиција се обиделе да ги отстранат барикадите на алтернативен пат.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат рафали. Објавено е и на Инстаграм профилот zubinpotokinfo, со придружниот текст дека пукотници и најмалку една детонација одекнале на поширокото подрачје на Зубин Поток.

На останатите барикади во Зубин Поток во моментов е мирно, се вели во текстот на соопштението.

Вечерва по итна средба со претседателот Вучиќ и со премиерката Брнабиќ, началникот на Генералштабот на војската на Србија информираше дека е на пат за Рашка.

Србите од северот на Косово се на барикади веќе 16 дена.

На почеток