Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа власт нема никаква врска со европските вредности, ниту има капацитет да донесе економски просперитет

Секој нормален и чесен Македонец е разочаран заради продажбата на националните интереси и губењето на името, идентитетот, историјата и културата за кои со векови се бореле нашите предци. Само криминалниот картел на чело со Зоран Заев се гордее и слави дека ја преименувал сопствената земја, Република Македонија, се наведува во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ.

„Костадин Костадинов е дел од екипата на аболицираниот криминалец Зоран Заев која без срам и перде ја погази демократијата, која со уцени и закани се пазареше со националните и државните интереси, која ја погази народната волја и го промени уставот и уставното име.

Оваа одлука за која и самиот Костадинов гласаше го менува името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата. Тоа што Костадинов се радува на оваа негова одлука само говори за нивната зебеганост и отуѓеност од народот.

Оваа власт нема никаква врска со европските вредности, а уште помалку има капацитет да донесе економски просперитет. Тие единствено што знаат е да делат евро за Вицето, тендер за Анѓушев, да ја вработат мајката на Костадинов во државни институции, да ги вработат синовите и ќерките за дебели хонорари.

Лажните ветувања што повторно ги кажуваат за 15% поврат на ДДВ, повисоки плати, повисок стандард, подобро образование, здравство и социјална заштита можеа да го направат и без да го променеа името, ако знаеа и ако држеа до зборот даден пред избори.

Очигледно дека повторувањата на истите лаги е најава дека планираат да ги продолжат црнилата во Република Македонија, заедно со сите неуспесите, неодговорноста и црните рекорди во економијата. Единствен начин тоа да запре е да се охрабрат СДСМ и да се соочат со народот на парламентарни избори. Народот ќе им каже што мисли за сите нивни штетни и погрешни политики“, се вели во реакцјата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток