„Ахмети ми ја понуди функцијата прв потпретседател на Владата, а бев кандидат за премиер во власта“, вели Зибери
Народниот правобранител Насер Зибери во емисијата „Програма 200“ на Алсат рече дека му понудиле да биде прв вицепремиер, министер за правда и многу други позиции, но дека негова одлука била да не биде вклучен во извршната власт.
„Во тие околности не можеше да се направи ништо повеќе. Моја беше одлуката дали би сакал да се приклучам на извршната власт со уште една функција или да останам надвор. За волја на реалноста, лидерот, претседателот на ДУИ ми ги понуди сите опции. Во смисла на прв потпретседател на Владата, министер за правда и други функции, за кои оценив дека не треба да се мешам во извршната власт, бидејќи јас бев кандидат за премиер во власта“, изјави омбудсманот
На прашањето дали се уште сонува да стане премиер, Зибери рече дека тоа е договор меѓу политичките партии кои се на власт и верува дека ќе се почитува.
„Верувам дека имиџот на прв премиер Албанец остави впечаток кај сите граѓани и ова е дефинитивно куриозитет за сите. Верувам дека ова ветување не е заборавено ветување, верувам дека ќе се испочитува договорот меѓу двата главни субјекти на власта и во последните три месеци ќе се реализира истото“ изјави Зибери.