Скопје

СДС, Левица и ДУИ коалицијата на Арсовска со која Скопје се носи во пропаст, вели ВМРО-ДПМНЕ

Честито коалиција СДС, Левица и ДУИ, фингирана дебата за буџет на Тачела коалицијата “ја тебе војводо, ти мене сердаре”, вели ВМРО-ДПМНЕ

„На површина излезе полутајната коалиција која од вчера станува јавна помеѓу СДС, Левица и ДУИ во градот Скопје.

Сите амандмани на СДС во рамките на буџетската расправа или во согласност со Арсовска беа прифатени, или беа повлечени од СДС.

Евидентна е усогласеноста и партнерството помеѓу СДС, Левица и ДУИ, додека ниту еден амандман не беше прифатен од страна на градот Скопје и новата коалиција кој беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.

Арсовска не прифати проекти кои самата ги вети од програмата „За модерно Скопје”. Односно Арсовска против Арсовска, на штета на скопјани.

Се отфрли инвестиции во капитални инфраструктурни проекти, градба на улици, булевари. Инвестиции во спортот, градба на нови паркови, додека Арсовска не намали од програмата за промоција и гол пр на градоначалничката.

ВМРО ДПМНЕ покажа дека не го кочи градот со тоа што го гласаше буџетот, но Арсовска покажа дека има јавна коалиција со Левица, СДС и ДУИ.

СДС е манипулатор како и Арсовска, и покрај договорот што го направи СДС со неа и прифаќање на амандманите на СДС и повлекување на останатите, сепак тие тактизираа со гласањето ставајќи ги во ризик граѓаните и институциите на градот во подредена улога и во заложништво на нивната дневно политичка манипулација.

ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што нема увид во буџетот, не сака да има нефункционален град од кој најголема штета ќе имаат граѓаните.
Со самото тоа паѓаат во вода обвинувањата дека сме блокатори.

А еве зошто Левица, ДУИ и СДС молчат во градот Скопје, затоа што тие заеднички ја ползуваат власта и стојат зад хаосот. Фактите се следни:

-Директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е Зухјер Реџепи од ДУИ.

-Директор на ЈП „Улици и патишта“ е Саид Саид од ДУИ.

-Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е Снежана Стојчевска од Левица.

-Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.

-Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.
Заменик директор на „Градски паркинзи“ е Сенада Ибраимова од Левица

-Директор на „Градски паркинзи“ е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.
-Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот.

Со Ковачевски тајно се среќава, а Левица и ДУИ јавно ги фали Арсовска“, се вели во соопштението.

На почеток