На 12.01.2019 година во времето од 19,20 часот до 22,30 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово била извршена контрола во Тетово на улицата “107“ во локал за приредување на игри на среќа при што биле пронајдени и одземени седум покер апарати, за кои немало соодветна документација.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.