Македонија

Груби потпишал обештетувања за четворица поранешни бранители

Потписот на првиот вицепремиер Артан Груби стои во одлуката на Владата за обештетување на четворица поранешни припадници на безбедносните сили во 2001 година. Документот што го обезбеди Алсат е од седницата на Владата на 25 мај 2022 година и освен што го задолжува Министерството за финансии да изврши исплати на четири лица, го задолжува и државниот правобранител да се откаже од извршните постапки против обештетените. Алсат ја обезбеди сумата со која е обештетен секој поранешен бранител. На секое решение за обесштетување стои потписот на првиот вицепремиер Груби.

Вредност на обештетување

Сашо Величковски 541.194 денари – 8.800 евра

Димче Манчов 416.588 денари – 6.770 евра

Марјан Величковиќ 496.743 денари – 8.000 евра

Зоран Ангеловски 362.894 денари – 5.900 евра

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток