Македонија

Најстудено утринава во Берово

Најстудено изутрина е во Берово каде се измерени -5 степени, по што следат со -4 Прилеп, -3 Струмица и Виница, -2 Битола и -1 Тетово, Штип, Дебар и Лазарополе. Нула степени изутрина во седум часот се регистрирани во Куманово и во Маврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија, Крива Паланка и Претор, два во Охрид, Демир Капија и Попова Шапка, три во Крушево.

Како и во текот на ноќта и утрово во голем дел од земјава преовладува ведро време. По котлините (особено Полог, Пелагонија, Скопје, Куманово, централниот дел на Повардарието) има појава на магла со намалена видливост под 200 метри. Во Охридското подрачје има зголемена ниска облачност.

На почеток