Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил го искоментира изгласувањето на уставнте измени со стихови од Григор Прличев.
„Глигор Прличев за оние што го предаваат достоинството на поколенијата и ја силуваат вољата на народот:
“Тога грмкиј плач народен небо процепил.
“Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да немат
Стамче беј и Бујар Лигдо, Нејко челеби!”
Милостивиј Бог послушал патричка горешча клетва;
Слава нихна, семе нихно погубил со шум.
И сега во куќи нихни ткае пајак пајажина
И на пусти стрехи нихни хукат хутове.“, напиша Милошоски на Фејсбук.