Македонија

Предвремени избори нема да има, на редовните парламентарни избори во 2024 Мицкоски ќе доживее нов пораз, вели СДСМ

Во годината пред нас продолжуваат мерките и политиките за справување со последиците од светската криза, но и реформите важни за нашиот евроинтеграциски пат и затоа е важно сите институции да функционираат со целосен капацитет, вели СДСМ

„Предвремени избори нема да има. Нема да има не затоа што СДСМ се плаши од нивниот резултат, туку затоа што имаме цели и задачи кои сме презеле обврска да ги реализираме до редовниот термин за избори.

Реформите на сите нивоа ќе се случат без разлика на јавните лелекања на Христијан Мицкоски со кои трага по свои сојузници во власта.

Граѓаните ќе ги препознаат искрените политики на новото раководство на СДСМ и затоа Мицкоски во 2024 година, на претседателските и на парламентарните избори, ќе ги прокнижи седмиот и осмиот пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Ретроградните сили кои сонуваат за враќање во минатото и одржување на статус кво во борбата против корупцијата, со единствена цел да си го заштитат нелегално стекнатото богатство, прават есап без крчма.

Напорите за достигнување на неселективна правда е поголемо и од СДСМ и од ВМРО- ДПМНЕ и од ДУИ!

Тоа е национална цел број еден која ќе биде испорачана заради иднината на нашето заедничко општество“, се вели во соопштението.

На почеток