Свет

Американската полиција не убивала само 12 дена во изминатата годината

Минатата година американската полиција уби најголем број луѓе во модерната историја на САД.

Податоците на организацијата „Следење на полициско насилство“ за 2022 година покажаа дека полицајци убиле дури 1.176, што е највисока бројка што организацијата досега ја забележала.

Креаторот на проектот рече дека оваа бројка ги вклучува сите убиени од полицијата, било со огнено оружје или со други средства.

Полицијата не убивала само 12 дена во годината

Според организацијата, полицијата во 2022 година убила по 3,2 лица дневно, а во целата година имало само 12 дена во кои не била пријавена фатална полициска средба.

Повеќе од една третина од жртвите биле убиени за време на рутински запирања во сообраќајот, проверки на менталното здравје и благосостојба или други ненасилни прекршоци.

Податоците на организацијата покажуваат дека црните луѓе сочинувале непропорционален дел од полициските жртви минатата година, со 24 отсто од загинатите, и покрај тоа што сочинуваат нешто повеќе од 13 отсто од населението.

Еден од тројца убиени од полицијата бегале од полицијата во моментот на нивната смрт, при што Црнците, Хиспанците, Индијанците и жителите на Пацифичките острови имаат 5 до 8 отсто поголеми шанси да бидат убиени додека бегаат или возат отколку белците.

Податокот кој е најалармантен е податокот за бројот на полицајци кои биле одговорни за убиства.

Иако некои од најпознатите случаи на полициска бруталност резултираа со пресуди во последниве години, вклучувајќи го и оној против Дерек Шовин во 2021 година, сè уште нема правни последици за повеќето полицајци.

Според податоците, 98,1 отсто од полициските службеници одговорни за смртта на граѓани во периодот од 2013 до 2022 година не се соочиле со обвиненија.

Помалку од 0,3 отсто од полицајците се осудени.

На почеток