Ковачевски е слугата на Ахмети, патрон на бизнис интересите и фолирантите од Левица, изборите се решение, вели ВМРО-ДПМНЕ
Ковачевски е слугата на Ахмети, патрон на бизнис интересите и фолирантите од Левица, изборите се решение, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Ковачевски е заробеник на Ахмети, цела година помина буквално како до сега, со криминал и корупција.
Ковачевски ги штити сите луѓе на Ахмети, од Груби, Османи до Буши, затоа што знае дека само тој го држи на премиерското столче.
Покрај на Ахмети Ковачевски станува и поданик на фолирантите од Левица со кои е во коалиција во град Скопје и на многи други места. Деструкцијата нивна ја гледаме и по нефункционалноста на град Скопје.
И додека слугува Ковачевски, бизнисите на неговиот кум и неговото потесно семејство се шират низ државата, на кои патрон е токму тој.
Влада на Ковачевски е проблем за Македонија, само предвремени парламентарни избори се решение и излез од коалицијата на која матните зделки и тендери им се пред се“, се вели во соопштението.