Магазин

Мачката на Тејлор Свифт вреди 91,5 милиони евра

Мачката на пејачката Тејлор Свифт има пари за кои повеќето луѓе можат само да сонуваат, а не е ни прва на листата на најбогати миленичиња во светот.

Оливија Бенсон е една од милениците на популарната пејачка и вистинска богаташка, а нејзиното богатство се проценува на 97 милиони долари, пишува списанието All About Cats.

Листата е направена врз основа на аналитиката на Инстаграм, а еден од главните извори на нивното богатство е нивната популарност на социјалните мрежи.

Меѓутоа, кога станува збор за Оливија, се земало предвид и учеството во различни проекти, како учество во спотови на пејачката, а глумела и во високобуџетни реклами и има своја линија на облека.

Инаку, Тејлор ја нарече Оливија по ликот на Мариска Харгитај од серијата Law & Order: Special Victims Unit, а на турнејата во 2015 година пушти видео во кое беа прикажани Оливија и нејзината постара сестра Мередит.

Кој е на прво место?

Богатството на Оливија го надмина само германскиот овчар Гантер VI, чија вредност се проценува на 500 милиони долари. На второ место се најде мачката Нала, ѕвезда на Инстаграм чија вредност се проценува на 100 милиони долари.

На списокот се најдоа и кучињата на водителката Опра Винфри, мачката Шупет на покојниот дизајнер Карл Лагерфелд и кученцето Понтиак, миленичката на покојната актерка Бети Вајт.

На почеток