Коментари

Коментар на денот: До кога со вакви средби кај Рама, ќе се продава лажен патриотизам

Лидерите на политичките партии на Албанците во земјава утре се очекува да заминат на средба во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама. Во врска со оваа тема на социјалните мрежи се огласи Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.

„Нема потреба на средбата кај Рама клучна тема да бидат уставните измени, затоа што нема ниеден Албанец кој е против евроинтеграции.
Против евроинтеграции се Албанците кои 20 години ја користат власта за да го крадат имотот на народот.
До кога со вакви средби кај Рама, ќе се продава лажен патриотизам, исто како со законот за јазикот, кој, според венецијанската комисија, е неприменлив и противуставен“, вели тој.

Претходно тој објави дека Рама поканил двајца од сторителите на криминал и корупција кои ја доведоа Македонија до „вистинска катастрофа“.

„На средбата со Рама треба да се разговара само за криминалот и корупцијата во двете земји. Ова е заедничко барање, и на Америка и на Европа.
Рама покани и двајца од сторителите на криминал и корупција кои ја доведоа Македонија до „вистинска катастрофа“ (Агелер).
xxx
На средбата на Рама ќе му биде потребна и поддршката од „Пионирот на отворениот Балкан“ за работите на инсинераторите“, додаде Хајредини

На почеток